ДЕЛОКРУГ НА РАБОТА
- Стопански спорови
- Наследно право
- Семејно право
- Извршно право
повеќе
-Застапување на домашни и странски физички и правни лица во граѓански спорови пред судовите на Р.Македонија; - Изготвување на секаков вид на правни акти: поднесоци, приговори, тужби, редовни и вонредни правни лекови; - Застапување во спорови за надомест на материјална и нематеријална штета; - Изготвување на секаков вид на договори; - Застапување во постапка за развод на брак; - Застапување во постапка за обезбедување на побарувања; - Застапување на предмети за наплата на долг; - Поведување на постапка по Предлог за извршување, спроведување на извршување и постапки по приговор и жалба од должникот против решението за извршување;
- Застапување и заштита во управна постапка пред министерствaта, држаните институции, органите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје, јавните установи и други органи на државната управа;
- Постапување по решенија донесени од инспекциските органи на надлежните министерства на Република Македонија;
- Поведување, застапување и заштита во постапки на управни спорови;
- Вадење на дозволи, одобренија, уверенија, концесии и лиценци;
- Застапување во постапки за заштита на слободите и правата загарантирани со Уставот, според Закон за управни спорови;
- Застапување во постапка и заштита на права од работен однос;
- Застапување , советување и поддршка во деловно работење на домашни странски правни лица;
- Застапување на правни лица во постапка за наплата на долгови произлезени од деловното работење на друштвата;
- Анализа на измени и дополнувања на закони и прописи кои се од значење за трговското друштво;
- Застапување во постапки за регистрација и основање на домашни и странски правни лица;
- Застапување во постапки за упис на промени на домашни и странски правни лица (поделба, спојување, промена на управител, назив, седиште, истапување и пристапување на основачи, зголемување/намалување на основната главнина);
- Застапување и заштита на права од работен однос; - Исплата на плати и надоместоци од работен однос; - Застапување во постапки за отпуштање на работник од работа, со и без отказен рок; - Застапување во постапки за откажување на договор за вработување од страна на работник и работодавач: - Застапување во постапки за заштита при работа; - Застапување во постапки за надомест на штета;
- Регистрации и поднесување на пријави за основање на друштва како и организациони промени; - Постапка за пријава/одјава на работник при засновање и прекин на работен однос; - Изготвување на внатрешни акти на правните лица; - Изготвување на секаков вид на договори, молби, барања; - Правни совети и консултации; - Oбавување на сите дејности неопходни за започнување на работа на новоформирано трговско друштво, како и организациони промени; - Застапување во постапка за издавање на дозволи за работа;
Сега можете да се фокусирате само на Вашата работа. Правните работи поврзани со Вашиот бизнис нека бидат наша обврска. Пакетите на услуги за микро и мали претпријатија вклучуваат услуги кои на претплатниците ќе им овозможат континуирана правна заштита, правни препораки и совети за бизнисот. Имајќи го предвид интензитетот на менување на законите во Република Македонија, речиси е невозможно самостојно да ги следите сите законски промени од кои сте засегнати и кои се од Ваш интерес, а од кои би бил засегнат и Вашиот бизнис. Наведените пакети ги содржат следните услуги: - Бесплатни правни совети и консултации од делокругот на работа на правното лице; - Известувања за новите законски прописи кои се од интерес за работењето на правното лице, како и анализи на измените и дополнувањата на законите и прописите; Застапување во постапки за упис на промени на правни лица со седиште во Република Македонија (поделба, спојување, промена на управител, назив, седиште, истапување и пристапување на основачи, зголемување/намалување на основната главнина); - Вклучено застапување во постапка за наплата на парични побарувања кои произлегуваат од работата на правното лице; - Поготовка на внатрешни правни акти и договори за потребите на правното лице; - Вклучено застапување во управни постапки по решенија донесени од инспекциските органи на надлежните министерства во Република Македонија; - Застапување во постапки за пријава/одјава на работник при засновање и прекин на работен однос; - Одобрен попуст на услугите кои не се вклучени во конкретните пакети; * Доколку постои интерес за овој вид на соработка, на Ваше барање, ќе Ви биде доставена конкретна понуда за Вашето правно лице со пакетите на правни услуги и цена на истите.