Добрeдојдовте!

Направете го вистинскиот избор!

Оваа Канцеларија може да Ви обезбеди Вам и на Вашиот бизнис правни услуги на највисоко професионално ниво. Нашата цел е на клиентите да им овозможиме ефикасни, практични и креативни решенија. Стручноста, упорноста и посветеноста се основа за тоа. Нудиме правни совети, правна помош и услуги на физички и правни домашни и странски лица, како и ефикасна заштита на правата и интересите на нашите клиенти и застапување пред судовите и другите државни органи во Република Македонија.




Од клиентите не се очекува сите да ги знаат своите права и обврски, ниту пак да знаат како успешно да ги решат своите правни проблеми со кои се соочуваат низ животот и при градењето на своите бизниси. Токму затоа, оваа Канцеларија Ви стои на располагање. Ќе добиете соодветна и навремена правна помош и правна заштита. Оваа Канцеларија Ви нуди услуги во вид на семеен адвокат и адвокат на Вашата компанија, континуирана правна заштита и правни препораки на Вашето семејство и Вашиот бизнис.

Дозволете да се бориме за вашите права!!!
Со Почит,
Адвокат Ирена Стојановиќ







За мене









Услуги

ДЕЛОКРУГ НА РАБОТА

1. Граѓанско право и судска постапка
          - Облигационо право
- Стопански спорови
- Наследно право
- Семејно право
- Извршно право

повеќе
2. Управно право
- Управна постапка
- Управни спорови



повеќе
3. Трговско право
- Право на друштва
- Статусни промени
   - Стопански спорови


повеќе
4. Трудово право



повеќе
5. Административно –правно работење


повеќе
6. Пакет на правни услуги за микро и мали претпријатија


повеќе












Клиенти





Ве известуваме дека согласно член 13 став 2 од Правилникот за дисциплинска одговорност на Адвокатската комора на Република Македонија:

“Забрането е истакнување на имиња и називи на клиенти кои адвокатот ги застапувал и ги застапува на неговата веб страна.“
Од овие причини, листата со домашни и странски клиенти кои ги застапуваме не е достапна за увид на веб страната.







Контакт

Бул.Св.Климент Охридски бр 20/1-4, 1000 Скопје


Моб: (+ 389) 76 303 500

Тел: (+ 389) 2 511 85 00

Дознај повеќе.

Полињата означени со * се задолжителни.